Турција: Приведени 20 полицајци, а распишана потерница за уште 34

Во 16 градови ширум Турција денеска е спроведена рација и приведени се најмалку 20 полицајци, а распишана е потерница за 34 полицајци, обвинети за заговор против Владата.

Ова  е четврта рација од јули годинава по обвинувањата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека турската полиција прави заговор против него. Тој ја опиша турската полиција како „паралелна држава во безбедносните сили“.

Налози за апсење се издадени за најмалку 34 полицајци обвинети за низа кривични дела, вклучително и прислушување на највисоки владини претставници и обид за соборување на Владата.

Апсењата уследија само еден ден откако Ердоган положи заклетва и ја замени премиерската со претседателската функција.