Балкан

Турција прогласи Ден на жалост

Турција прогласи Ден на жалост
Со одлука на турската Влада, по повод синоќешниот терористички напад на аеродромот Ататурк во Истанбук во кој загина 41 лице, прогласена е еднодневна жалост.

Денес на територија на цела Турција и во странските претставништва знамињата ќе бидат спуштени на пола копје.

Четириесет и едно лице загина, меѓу кои и странци, а 239 се повредени во синоќешниот троен самоубиствен напад со автоматско оружје и бомби на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул.

Тројцата напаѓачи најпрво со автоматско оружје пукале кон патниците и полицајците кои возвратиле на огност, а потоа ги активирале бомбите.