Турција сака да биде регионална велесила, затоа САД и ЕУ ја турнаа на нишанот на Русија

Повлекувањето на САД од Средниот Исток создава вакум на власта и море на нестабилност што Турција доста активно се труди да го пополни, а нетрпелива е тоа да го направи за во тие намери да не ги претекне некоја друга сила. Конфликот меѓу Русија и Западот исто така и сигнализираше на Анкара дека ситуацијата е оптимална за турското проширување и дека тоа е прилика што најверојатно нема да биде долго време отворена.

Интересот на Турција во земјите што не се населени со туркофонски народи укажува дека пантурската програма сега ја следи и неоотоманската програма, па така Турција тежнее кон тоа да го прошири влијанието во сите правци, вклучително и на Балкан, Кавказ, Централна Азија, Блискиот Исток и во Северна Африка. Уште повеќе, Анкара сега е подготвена да ја спроведува таа програма не само со внимателна сипломатија и „мека моќ“. За да го прошири своето влијание во важните области, таа покажа дека е подготвена и на употреба на марионетска војска (како што е ИД), па дури и на директна примена на сопствената воена сила.

Таквиот паносманизам задира не само во интересите на Иран и Русија, туку и на Саудиска арабија, ЕУ (која е заинтересирана за стабилен Балкан), па дури и на Израел, кој повеќе би сакал да биде окружен со арапски земји откотлку со моќниот, обединет неоотомански ентитет. Имајќи ги во предвид овие последици на Анкара би и било подобро да ги шири сферите на влијание по пат на договор со заинтересираните страни, а не со воени дејствија, што не е случај со оглед на поделбата што постои внатре во коалицијата против Асад.

Дури и САД изгледаат загрижено поради широчината на амбициите на Анкара

Русија не е единствената земја што се почувствува предадена од Ердоган. Турција дури планира да основа воена база во Катар што не може да биде гледано позитивно во Саудиска Арабија, која пак несака да види уште една странска сила во она што го нарекува сопствен двор.

Дури и САД изгледаат загрижено поради широчината на амбициите на Анкара, судејќи по тоа дека и наредија на Турција да ги напушти своите позиции во Северен Ирак и нивната неподготвеност да побрзаат со одбраната на нивните „НАТО сојзуници“ по соборувањето на рускиот „Сухој“.

Конечно, по бегалската криза што во целост е предизвикана со одлука на Ердоган со цел да се уценува ЕУ за да ги прифати турските блискоисточни планови, никој во таа организација веќе никогаш нема да поверува дека Ердоган е доверлив партнер.

Нестабилната политика на Ердоган има алармантен ефект во ЕУ, и тоа во толкава мерка што ниту Западот, што обично нема проблеми со изговорите за наметнувањето на санкции за Русија не и пружи помош на Турција кога таа се најде на удар на економските ограничувања на Русија.

Сепак, внатрешните политички поделби и конфликти во Турција значат дека Ердоган не бил во состојба да воспостави јасна и фокусирана политика, без разлика на тоа дали се работи за пантурцизам или неоосманизам, без да се загрози меѓународната репутација на Турција речиси во секој политички важен дел на светот. Тоа ќе вовлече Турција во скапи конфликти од кои ќе и биде тешко да се извлече, а да го сочува образот.

Најверојатно, поради тоа Русија е толку остра во нанесувањето економска штета на Турција во знак на одмазда за нивното „заривање нож во грбот“ затоа што е уверена дека во овој миг Турција речиси и нема пријатели што би биле подготвени во нејзиното име да се соочат со Русија.

Всушност, САД а поготово ЕУ изгледаат задоволни што Русија ја презема врз себе задачата да го намали меѓународниот авантуризам на Турција. Во отсуство на сериозното промислување на приоритетите, Турската пантурска неоотоманска амбиција ќе мора да направат голем чекор наназад.