Турција: Регистрирано земјотрес со интензитет од 4,6 степени

Во источната турска провинција Ван е регистриран земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтер, пренесе агенцијата Анадолија.

Потресот предизвикал паника меѓу населението и независно од студеното време, многу луѓе ја поминале ноќта на отворено.

Се’ уште нема податоци за повредени лица и причинета материјална штета.