Балкан

Турција реинтегрирала над 1.800 функционери отпуштени по неуспешниот пуч

Турција реинтегрирала над 1.800 функционери отпуштени по неуспешниот пуч

Турските власти реинтегриралe со законска уредба повеќе од 1.800 функционери кои биле отпуштени во рамките на чистките на државните и јавни институции по неуспешниот обид за воен преврат од 16-ти јули 2016 глдина.

Како што пренесува во петокот службената новинска агенција Anadolu, споменатите со 1.823 лица првично бил отпуштени откако биле обвинети дека go користеле системот за шифрирани пораки ByLock, кој според официјална Анкара го користеле пучистите од движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во САД и е обвинет дека стои зад пучот.

Меѓутоа, властите кон крајот на декември објавија дека откриле дека неколку илјади лица ја симнале споменатата апликација противејќи се на пучистите.

Според досегашните податоци околу 140.000 лица се отпуштени или суспендирани од турското правосудство, полицијата, војската и образованието по обидот за државен удар. Околу 55.000 луѓе се притворени во рамките на пресметката со движењето на имамот Ѓулен, коешто властите го ставија вон законот и го означуваат како терористичка организација FETO.