Турција: САД ги поткопуваат темелите на мирот со селењето на амбасадата во Ерусалим

Турција остро ги критикуваше во саботата американските планови за преселување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим веќе во мај годинава, предупредувајќи дека САД инсистираат на поткопување на темелите на мирот.

Во соопштението на турското министерство за надворешни работи се наведува дека со ваквиот потег се кршат меѓународните закони, како и дека Анкара гарантира оти ќе продолжи со напорите за заштита на правата на Палестинците.

„За жал, Американ се прави дека не ги слуша и, уште полошо, не се обѕира на гласот на совеста на меѓународната заедница“, се додава во соопштението на турската дипломатија.

Турција е меѓу земјите коишто најостро се спротиставуваат на американските намери по признавањето на Ерусалим за главен град на Државата Израел и конечно по повеќе од дваесет години од носењето на законот да ја преселат амбасадата на САД во Ерусалим. Палестинците посакуваат источен Ерусалим да биде главниот град на нивната идна држава, додека Израел повеќепати објави дека Светиот град го смета за историска и недделива престолнина на еврејскиот народ.

Речиси сите земји коишто имаат дипломатски односи со Израел, своите амбасади ги отворија во Тел Авив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.