Турција сака во ЕУ, но да „игра во прва лига“

Турските лидери посветени се на членството во ЕУ и сакаат Турција да „игра во прва лига“ во Европа, наспроти несогласувањата во врска со турската опозиција, изјави денеска Етјен Мачупјан, главен советник на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, пренесе МИА.

Турскиот стремеж да се приклучи кон Унијата доби сериозен удар поради неодамнешната полициска операција на апсење на новинари и уредници во опозициски медиуми блиски до Фетулах Ѓулен, ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тоа доведе до затегнати односи меѓу Брисел и Анкара.

Мачупјан смета дека до раздор дошло поради немање разбирање за она што се случува во Турција.

Западните земји „не разбираат и не сакаат да разберат работи што се случуваат во Турција, рече советникот на турскиот премиер.

– Реџеп Таип Ердоган не може да ја замисли Турција да се наоѓа во втора лига. Тој сака да игра во прва лига, но како рамноправен партнер, рече Мачупјан.