Балкан

Турција се повлече од резервирањето воздушен простор над Егејското море

Турција се повлече од резервирањето воздушен простор над Егејското море

Турција го повлече Известувањето за пилотите (НОТАМ), со кое резервира голем воздушен простор над Егејското Море до 31 декември за воени вежби по грчките демарши до Европската унија, НАТО и Генералниот секретар на ОН, пренесува МИА.

– Укинувањето на НОТАМ, со кое Турција резервира голем дел од Егејското Море за воени вежби до крајот на оваа година, докажува дека ефикасна дипломатија се води тивко, решително и со план, без врева, изјави портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакеларидис.

Тој исто така ја критикуваше изјавата на поранешниот премиер Андонис Самарас, кој повика да се свика Националниот совет за надворешна политика. Сакеларидис истакна дека „Самарас избрзал со барањето за свикување на Советот, неколку часа пред грчката дипломатија да даде резултати“.