среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 59

Турција се закани: Или безвизен режим или референдум!

Турција уште еднаш предупреди дека ќе оддржи референдум за пристапувањето кон ЕУ, доколку нема прогрес во преговорите за безвисните патувања, пренесува „Раша Тудеј“.

erdogan1

Поврзани вести

Турција уште еднаш предупреди дека ќе оддржи референдум за пристапувањето кон ЕУ, доколку нема прогрес во преговорите за безвисните патувања, пренесува „Раша Тудеј“.

Ја добиваме моќта од нацијата. Ако нема поместување во процесот на преговори со ЕУ, како што рече претседателот Ердоган вчера, тогаш би можеле да побараме мислење од јавноста дали треба да продолжиме со преговорите, рече турскиот министер за надворешни работи Мехмет Чавушоглу вчера.

Тој додаде дека верува дека ќе преовлада свеста за заедничкото добро во разговорите.

Сакаме да продолжиме по нашиот пат кон ЕУ, посебно во договорот за безвизен режим, бараме нешто што е наше право, додаде тој.

Инаку во средата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати закани до ЕУ, нагласувајќи дека излегувањето на Британија од Унијата би можело да ја поттикне Турција да одржи референдум за членството. Турскиот претседател нагласи дека Анкара чека од 1963-тата година за да се приклучи кон Унијата и покрај фактот што истата не постоела во тој период.

Најчитани вести