Турција се заканува со повлекување на договорот со ЕУ за миграцијата

Турција се закани дека ќе се повлече еднострано од договорот за миграцијата во Европската унија, склучен во март минатата година со што се намали бројот на мигранти и бегалци кон Европа.

– Може да го поништиме еднострано тој догвоор. Се уште не сме ги информирале нашите европски партнери, и сега се е во наши раце, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Во интервју за телевизијата „24“ тој додаде дека „отсега натаму може да кажеме дека не го применуваме тој договор и се е завршено“.