петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 53

Турција: СМС пораки меѓу пучистите открија наредби за пукање во цивили

Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул објави неколку пораки помеѓу офицери вклучени во воениот преврат. СМС пораките како што јавува Анадолија, наводно биле праќани вечерта на 15-ти јули.

sms-poraki

Поврзани вести

Канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул објави неколку пораки помеѓу офицери вклучени во воениот преврат. СМС пораките како што јавува Анадолија, наводно биле праќани вечерта на 15-ти јули.

СМС пораките откриваат дека офицерите добиле наредби да пукаат во луѓето што излегоа на улиците да пружаат отпор.

Според документите до кои дошла агенцијата Анадолија на воените офицери во Истанбул им било кажано и наредено да пукаат во толпата што се спротивставува на пучот. Во пораките наводно се осеќа чувството на паника откако станало јасно дека обидот за пуч пропаднал.

Во еден миг, на пример поручникот Музафер Дузенли им наредува на потчинетите да отворат оган врз толпата.

Повтори. Пренеси. Отворете оган за да ја растурите толпата, вели тој во една од пораките на Ватсап.

Сепак, од пораките не е јасно каде точно биле распоредени војниците.

Најчитани вести