Турција: Собир на владејачката партија, Ердоган се враќа на чело

Исламско-конзервативната владејачка во Турција Партијата на правдата и развојот (AKP), се собера во вторникот поради враќањето во партијата на претседателот на државата Реџеп Тајип Ердоган, што му го овозможуваат неодамна усвоените на референдумот од 16 април уставни промени.

Според претходните уставни одредби и статути на турските политички партии, шефот на државата Реџеп Тајип Ердоган официјално ги прекина врските со Партијата на правдата и развојот (AKP), којашто е на власт од 2002 година, кога во 2014 година беше избран за претседател на првите турски претседателски избори на кои се гласаше директно.

Уставната реформа прифатена на референдумот од 16 април му дозволува на претседателот на земјата да биде член на политичка партија. Тоа е првата мерка којашто ќе се применува од промените во турскиот устав, додеа повеќето други одредби стапуваат на сила од 2019 година.

Откако повторно ќе стане член на AKP, којашто ја основаше во 2001 година, Ердоган ќе може да ја побара функцијата партиски челник на вонредниот конгрес на 21 мај, заменувајќи го актуелниот премиер Бинали Јилдирим кој ја води партијата од 2016 година, според нејзиниот статут.

Но иако повеќе не беше официјално член на партијата откако беше избран за претседател, Ердоган всушност во извесна мерка ги влечеше конците во AKP, партијата којашто доминира на турската политичка сцена веќе деценија ипол.