Свет

Турција собори сириски авион

Турција собори сириски авион

Сириски авион беше соборен денеска во граничниот регион со Турција, каде бунтовниците се судираат со силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, јави БТА.

Според официјални турски претставници турските воено-воздухопловни сили го собориле сирискиот авион, откако го нарушил турскиот воздушен простор.

Саудиската телевизија Ал Арабија јави дека турската против воздушна одбрана соборила сириски авион над пограничниот регион Касаб, на 65 километри од Латакија.

Во регионот на Касаб се водат жестоки судири меѓу владините сили и борците од „Џебат ал Нусра“ и „Исламски фронт“, кои навлегуваат од турска територија.