Турција станува нуклеарна сила

Турција планира во следните 10 години, со изградба на две нуклеарна електрани, да стане нуклеарна сила.

Првата нуклеарка во земјата „Акују“ во покраината Мерсин на медитеранското крајбрежје, ја гради руската државна компанија „Росатом“.

Втората нуклеарна електрана ќе биде лоцирана во северната турска провинција Синоп на црноморското крајбрежје, а ќе ја гради јапонско-француски конзорциум.

Турција има намера, со амбициозена нуклеарна програма, да задоволи 10 отсто од своите потреби за електрична енергија до 2023 година и да ја намали зависноста од увоз на нафта и гас.

Турција исто така сака да изгради трета нуклеарна електрана, но плановите зависат од перформансите на електраните во Мерсин и Синоп.

Од 2012 година Турција почна да праќа студенти во Русија на обука за нуклеарно инжинерство, а целта е да се испратат вкупно 600 студенти.

Нуклеарната енергија во Турција  се развива со новите можности за вработување, заедно со подиндустриите и регулаторните институции.