Турција: Тројца загинати и 30 повредени во денешниот напад

Еден полицаец и двајца цивили се убиени и околу 30 лица се ранети во денешниот атентат со автомобил-бомба во близина на полициска станица во градот Мидјат, во југоисточна Турција, информира турскиот премиер Бинали Јилдерим.

Турскиот премиер изјави дека атентатот го извела Курдската работничка партија (ПКК), информираа турските медиуми.

Во експлозијата сериозно се оштетени околните згради.

Весникот „Хуриет“ пишува дека напаѓач-самоубиец со автомобил-бомба, во која имало 500 килограми експлозив, се обидел да влезе со возилото во зградата на секторот за безбедност, но при ударот во ѕидот, автомобилот експлодирал.

Јилдерим зборуваше во Истанбул на местото каде вчера во сличен атентат, во историскиот кварт на мегаполисот, загинаа 11 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.