Турција: Уапсени 10 осомничени членови на Исламска држава

Полицијата во Турција уапси десет лица за кои постои сомнеж дека врбувале борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.

Антитерористичката операција била спроведена рано изутринава, но во извештајот на агенцијата не се посочува каде е таа изведена.

При акцијата полицијата пронашла и илегално оружје и кофискувала повеќе документи.