Турција: Уапсени 10 полицајци во рамки на истрагата за незаконско прислушување

Најмалку десет турски полицајци се уапсени денеска во рамки на истрагата за незаконско прислушување на политичари, државни службеници и бизнисмени, јави Анадолија, пренесе МИА.

Обвинителството во централниот турски округ Сивас издаде наредба за апсење на вкупно 35 осомничени за незаконско прислушување. Акцијата е спроведена во 18 турски окрузи.

Според аналитичарите пперацијата е дел од борбата на турската влада против движењето на верскиот лидер Фетулах Гулен, кого претседателот Реџеп Тајип Ердоган го обвини за создавање на паралелна структура во рамките на државата.