Турција: Уапсени 20 осомничени припадници на ИД

Полицијата утрово во Адана приведе 20 лица, за кои има сомнение дека се членови на Исламската држава.

Припадниците на антитерористичката полиција, потпомогнати од хеликоптери, извеле истовремени рации на 22 адреси во Адана по дојава дека лидерите на ИД планираат напад.

Приведените се однесени на сослушување, јави Танјуг.

Исламската држава ја контролира областа во Сирија долж турската граница, источно од Адана.

Градот Адана се наоѓа во близина на воздухопловната база Инџирлик, каде се стационирани американските сили и која служи за воздушните мисии во борбата против ИД.