Турција: Уапсени 30 лица поврзани со Исламска држава

Турската полиција приведе вкупно 30 луѓе, од кои 16 странци и девет деца во јужните турски окрузи Килис и Газијантеп под сомнение за врски со Исламска држава.

Силите за безбедност привеле 15 осомничени меѓу кои двајца странци и девет малолетни лица во градот Елбејли во округот Килис. Уште седуммина се приведени во друга операција во регионот.

Истовремено, осуммина странци кои се обиделе нелегално да преминат на турска територија од Сирија се приведени во округот Газијантеп, се вели во соопштение од Генералштабот на турската армија.