Турција: Уапсени 47 војници поврзани со несупешниот воен пуч

Турските власти уапсија 47 војници од воздухопловна база во близина на градот Конја во Анадолија во рамки на истрага за неуспешниот воен пуч.

Апсењата биле извршени рано утрото по локално време.

Повеќе од 32.000 луѓе се во затвор, а 100.000 се сменети од безбедносни и јавни служби поради наводни врски со имамот Фетулах Ѓулен. Анкара смета дека Ѓулен е одговорен за неуспешниот воен пуч што се случи во средината на јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.