Свет

Турција: Уапсени девет Британци кои се обидувале да влезат во Сирија

Турција: Уапсени девет Британци кои се обидувале да влезат во Сирија

Девет британски државјани, меѓу кои и четири деца, се уапсени во Турција откако се обиделе илегално да ја преминат границата со Сирија, соопштија од турската војска.

Групата во која биле тројца мажи, две жени и децата кои се на возраст од 1 до 11 години, биле фатени вчера околу 3 часот попладне во провинцијата Хатај.

-Девет британски државјани се уапсени во Хатај, додека се обидуваа да влезат во Сирија, изјавил портпаролот на Турската армија за британскиот весник Индепендент.

Засега не е познато зошто групата се обидувала да влезе во Сирија, но голем број Британци што и се приклучиле на ИД патувале низ Турција.

Сириската територија од границата е поделена помеѓу силите на исламистичките бунтовнички групи.

фото: Independent.co.uk