Турција: Училишен автобус падна во канал, 14 лица загинати (ФОТО+ВИДЕО)

Четиринаесет лица загинаа, а над 20 се повредени при несреќа на училишен автобус во Османие, Јужна Турција, јави турската приватна телевизија НТВ. Инаку, како што сооптуваат турските медиуми шест од загинатите се ученици.

avtobus-turcija-3

Автобусот, кој превезувал ученици, наставници и родители на децата на екскурзија, по пат на враќање паднал во канал за наводнување.

avtobus-turcija-2

При спасувачките операции пронајдени се 14 тела. Се смета дека возачот на автобусот е исто така меѓу жртвите на сообраќајната несреќа.

Дваесет и шест лица се повредени во несреќата, од кои четворица се во критична состојба.