Турција: Високиот совет на судии и обвинители се спротивстави на предложените законски измени

Високиот совет на судии и обвинители (ВССП) ги утврди промени на највисоката судска институција во земјата, предложените од владејачката партија, како спротивни на Уставот, соопшти електронското издание на весникот „Милијет“.

„Со предложените измени на соодветните закони, ВССП се покорува на министерот за правда. Јасно се гледа дека со тоа се прави обид за политизација на ВССП. Предложените корекции противречат на принципот на правната држава, дефинирана во Уставот. Предлогот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), ја укинува независноста на ВССП“, се наведува уште во официјалниот став на највисоката судска институција, цитирана од весникот „Милијет“.