Турција забрани влез за осомничени странски џихадисти

Турција забрани влез во државата на повеќе од 7.000 осомничени странски џихадисти кои сакаат да заминат во Ирак и Сирија, соопшти МИА повикувајќи се на информации од турското МНР.

Турскиот шеф на дипломатијата Мевлут Чавушоглу го обелодени тоа на конференција на ОБСЕ во Базел дека Турција на листата за забрана за влез ставила 7.200 имиња.

– Турските власти депортираа повеќе од илјада осомничени странски терористи од 2011 година, нагласи Чавушоглу.

– Во дел случаи тие кои ги депортираме повторно завршуваат на крајот на нашата граница, изјави шефот на турската дипломатија.