Турција запрела 36.500 лица кои планирале да се приклучат кон ИД

ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје
ИД планира напади со биолошко и хемиско оружје

Турција досега запрела над 36.500 лица, за кои се претпоставува дека планирале да се присоединат кон Исламска држава, преминувајќи преку Турција, изјави министерот за внатрешни работи Ефкан Ала, објави „Хуриет дејли њуз“.

Мнозинството од наводните члнови на Исламска држава биле запрени, пред да влезат во Турција, а околу 2.800 лица биле уапсени во земјата и депортирани, истакна министерот.

– Што се однесува до таа оганизација (Исламска држава), ние сме одбиле пристап на 33.746 лица од 123 земји, рече Ала, и додаде дека Турција досега уапсила 2.783 лица од 89 земји на своја територија и ги депортирала.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.