Турците екстрадираа џихадистички лидер во Франција

Турските власти на Париз му предадоа лидер на една терористичка ќелија, што се занимава со врбување и регрутација на џихадисти во Франција, соопшти францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов.

Според него, екстрадираниот терорист имал клучна улога во врбувањето на млади Французи од Тулуз и Стразбир, кои потоа заминувале да се борат на страна на исламистичките групи во странство.

Податоците на француските разузнавачки служби покажуваат дека во моментов околу 900 државјани на Франција се борат на страна на исламистичките групи на Блискиот Исток, пред се во Сирија и Ирак, или во Северна Африка. Според истите податоци, француски државјани има и меѓу припадниците на џихадистичката група Исламска држава.

Во извештај на Европол се посочува дека Франција се наоѓа на првото место во Европа според бројот на приврзаници на радикалниот ислам.