петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Турците во САД со петиција до Белата Куќа за екстрадиција на Фетулах Ѓулен

Турците што живеат во САД во неделата започнаа онлајн петиција на официјалната веб страна на Белата Куќа во која бараат претседателот на САД Барак Обама да го екстрадира Фетулах Ѓулен во Турција, јавува Анадолија.

bela kuka

Поврзани вести

Турците што живеат во САД во неделата започнаа онлајн петиција на официјалната веб страна на Белата Куќа во која бараат претседателот на САД Барак Обама да го екстрадира Фетулах Ѓулен во Турција, јавува Анадолија.

Би сакале нашата влада да престане да му пружа безбедност на Фетулах Ѓулен и сакам да биде испорачан во Турија, стои во насловот на петицијата.

Ве молам помогнете да го убедиме претседателот и владата дека ние како САД треба да работиме со демократски избраните власти и влади.

Петицијата досега е потпишана од над 16.250 лица, а треба да стаса до 100.000 потписи до 16-ти август со цел да  биде прифатена за официјален одговор.

Според Турција, терористичката организација на Ѓулен се обидела да направи воен преврат во Анкара во серија чекори организирани од страна на имамот сместен во САД.

По обидот за воен преврат властите во Турција најавија дека ќе бараат од САД екстрадиција на Ѓулен.

Најчитани вести