Туре вети дека нема да го облече дресот на Реал (М)

Стандардниот првотимец во дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити, Јаја Туре, вети дека никогаш нема да го облечи дресот на најтрофејниот клуб во шпнаската Примера дивизион, Реал (М).

„Јас сум фан на Барселона и нема да го облечам дресот на Реал (М). Не планирам некаква преселба на “Сантијаго Бернабеу”. Се радувам што повторно ќе се вратам на “Ноу Камп”, но сега во дресот на Манчестер Сити. Дали ќе се израдувам ако постигнам погодок на реванш 1/8 финалниот натпревар од Лигата на шампиони? Не, нема да се израдувам, многу ја почитувам Барселона. Секогаш ја имав подршката од клупските челници, јас сум благодарен на Барселона, таму научив да победувам. Точно дека бев многу разочаран после поразот на “Итихат”, но мора да бидеме реални и да признаеме дека Барса беше подобар противник во поголемиот дел од натпреварот”, изјави Туре.