Туристичка сигнализација низ историското Смилево

Поставена туристичка сигнализација во Смилево по повод одбележувањето на 111 години од Смилевскиот конгрес. Градоначалникот на Демир Хисар заедно со претставници од советот на општина Демир Хисар, преставници од унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, почитувачи на делото на Даме Груев го означија почетокот на овој проект и положија свежо цвеќе на спомен костурницата на Даме Груев и другите споменични обележја, објави битолската телевизија Тера.

„Поставуваме вертикална туристичка сигнализација низ општина Демир Хисар а започнува со Смилево. Ова е прокт кој што го спроведуваме а потоа продолжуваме со проект кој што вклучува 5 километри асфалт до манастирот Св Пеатар и продолжуваме со доуредување на спомен паркот на Даме Груев“, изјави Љупчо Блажевски градоначалник на општина Демир Хисар

На Смилевскиот Конгрес бил ставен крај на полемиките околу прашањето за востание, имено било решено да се крене Илинденското востание во Битолскиот револуционерен округ а со тоа и во цела Македонија

„Придонесот кон Смилево и кон Даме Груев е огромен и затоа без присуство на државни органи и владини претставници и делегации на ваквите манифестации како Смилевскиот конгрес, таа воларизација нема да биде целосна без нив“, изјави Ристо Грујоски претседател на Здружение „Даме Груев“, Битола

Кон одбележувањето на овој љубилеј се вклучи битолската полиција

„Тука потекнуваат корените на македонската полиција за време на оддржувањето на Смилевскиот конгрес се настанало пререформирање на селските стеражи во полициски чети“, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола

Од општина Демир Хисар се надеваат дека во иднина ова ќе биде централна манифестација.