Туристички агенции од Анталија измамиле стотици туристи

Повеќе стотици туристи наседнаа на лажни хотелски интернет страници на туристичи агенции од Анталија, уплатувајќи на измамниците пари за лажни резервации за сместување.

Хотелите кои се најдоа на удар на измамниците тврдат дека вкупниот украден износ достигнува околу 5 милиони турски лири, што е околу 1,7 милиони евра.

Според пишувањето на турските медиуми, кое го пренесе хрватски „Пословни дневник“, агенцијата која работела под името ТТМ Туризам на страницата www.tatilmanya.com, измамила стотици потенцијални клиенти кои поверувале во ефтините понуди за летување.