Tуристичките потенцијали на Македонија пред бугарските туроператори

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организираше презентација во Бугарија на која беа претставени туристичките потенцијали и капацитети во Македонија.

Директорот на Агенцијата, Кристијан Џамбазовски  заедно со останатите членови од АППТ одржаа двочасовна успешна презентација пред повеќе од 70 туроператори,туристички агенции и новинари од Бугарија. Toj изјави дека Македонија и Бугарија како две соседни земји имаат многу заеднички можности, две земји чија сегашност и историја се нераскинливо поврзани. Една од нив е туризмот, односно туристичката размена.

„Македонскиот туристички производ станува поконкурентен на светскиот пазар и се зголемува туристичкиот промет во државава. Следејќи ги светските трендови Владата на Република Македонија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот преку проектите кои се во фаза на реализација и нови предвидени проекти дејствуваме во создавање услови за унапредување на туристичкиот производ и значително збогатување на понудата и туристичките содржини.Според официјалните податоци, во 2013 година, бројот на странски туристи кои ја посетиле Македонија се зголемил за 15 отсто,“ изјави Џамбазовски.

Бројот на бугарски туристи во 2013 година е 21.000, додека бројот на ноќевања е 40.473. Во последните неколку години бројот на бугарски државјани кои дошле во Македонија е пак зголемен за извонредни 35 отсто. Што се однесува на бројот на ноќевања во 2013 година е зголемен за 15 отсто во споредба со последните неколку години.

„Овие бројки покажуваат дека соработката меѓу Македонија и Бугарија е на доста високо ниво, за што се надевам дека оваа тенденција на пораст ќе остане и во иднина.Во 2013 се оствари медиумка кампања која се покажа како успешна, и продолжуваме со исто темпо и оваа година. Започнавме со билборд кампања, медиумска кампања во печатените медиуми, дневните весници Труд, 24 часа и Стандард како и промоција на македонските туристички потенцијали и наНационалното Бугарско радио” изјави директорот на АППТ, Кристијан Џамбазовски.

За сите посетители и гости беше организиран и свечен коктел на кој можеа да се пробаат специјалитетите од македонската кујна и да уживаа во дегустација на македонското вино.