Македонија

Туристичко-археолошки водич за демирхисарско

Туристичко-археолошки водич за демирхисарско

Здружението „Библиотека Ал-Би“ од демирхисарското село Бабино најави печатење туристичко-археолошки водич за Демирхисарско, кој ќе го објави со финансиска поддршка на Владата на Република Македонија, пишува МИА.

– Целта на печатењето на водичот, покрај туристичките потенцијали, е да ги претставиме и многубројните археолошки локалитети од различни временски периоди на територијата на општина Демир Хисар, како важен сегмент на туристичката понуда, како и да ги упатиме мислите на археолошката научна јавност кон овој неистражен предел, соопшти здружението „Библиотека АЛ-БИ“.