Туристичка промоција на Охрид во Москва

Во рамки на активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација, користејќи ги  формите и облиците за унапредување и одржлив развој на туризмот, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Никола Бакрачески утре ќе одржи промотивен настан во Москва.

Предвидено е во рамки на активностите да биде презентирана туристичката понуда на Охрид пред педесетина претставници од туристичкиот сектор во Русија, меѓу кои туроператори и туристички агенции, медиуми, претставници на Руската асоцијација на туроператори и Федералната агенција за туризам.

Во соопштението од локалната самоуправа се наведува дека таквите промотивни активности на туристичките потенцијали, природните и културни знаменитости со кои располага Охрид се овозможува остварување соработка со руските туристички работници за поголема застапеност на Охрид на рускиот туристички пазар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.