Туристичката понуда на Македонија претставена на саем во Ниш

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија заедно со повеќе од 140 излагачи од земјата и регионот ја претставува туристичката понуда на Македонија на 17-тиот Саем за туризам во Ниш што се одржува од 26 до 28 април.

Како што соопшти Агенцијата денеска, покрај активниот одмор што е главна тема на саемот, оваа година акцентот е ставен на гастрономската и винската понуда.

– За време на меѓународниот саем за туризам во Ниш посетителите имаа можност да дегустираат македонски ајвар, сирење и вино. За време на саемот, делегацијата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот оствари бројни состаноци со агенции од регионот кои ја нудат и соработуваат со Македонија. Fly Fly Travel и Marco Polo го изразија своето задоволство од интересот што постои за Македонија кај нивните клиенти, а воедно и најавија поголем број српски туристи кои планираат да го посетат Охрид за време на велигденските празници за разлика од минатата година, се вели во соопштението.

Состаноци биле остварени и со ЈУТА – Асоцијација на српски туристички агенции, Националната Агенција за туризам на Србија и Националната туристичка организација на Ниш со што, како што се вели во соопштението, уште еднаш е потврдена потребата од заедничка соработка со цел привлекување на странски туристи од далечни пазари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.