недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 30

Туристичката понуда на Охрид пред австриската јавност

ohrid

Последни вести

Пред претставници на најголемите туроператори, туристички агенции и новинари за туризам во Австрија денеска во Виена ќе биде презентирана туристичката понуда на Охрид, како атрактивна туристичка дестинација во регионот.

На презентацијата, организирана од охридскиот градоначалник Никола Бакрачески и македонската Амбасада во Виена и почесниот конзул на Македонија во Австрија, Сузан Родлер, ќе биде прикажан видео-материјал со туристичката понуда на Охрид, со сето природно и културно-историско богатство.

Во рамки на презентацијата предвиден е коктел со традиционални македонски јадења и специјалитети од охридскиот регион.

Манифестацијата во Виена е осмислена како претставување на туристичките потенцијали и убавините на Охрид на австрискиот туристички пазар.

Воедно тоа ќе биде можност  за директни разговори со туристичките работници од Австрија со цел ставање на Охрид  на туристичката мапа на  австриските туристички агенции и туроператори.

Промоцијата на туристичките потенцијали на Охрид  ќе се одржи во хотелот „Бристол“ со почеток во 18 часот.

Најчитани вести