Туристите лани во Лондон потрошиле 12 милијарди фунти

Минатата година Лондон го посетиле 17,5 милиони странски туристи и гости, кои оствариле 108 милиони ноќевања и потрошиле безмалку 12 милијарди фунти, соопштија туристичките власти во британскиот главен град.

Ваквите резултати се подобри во однос на претходната година, а претставуваат зголемување од 15 отсто во споредба со 2011 година и времето од пред лондонските Олимписки Игри.

Околу девет милиони од странците се „вистински туристи“ кои престојувале во градот за забава и за разгледување на неговата културна и вкупна туристичка понуда, со „пакет-аранжмани“ на бројните домашни и странски туристички агенции и компании или во сопствена режија.

Еден милиони од нив се туристи од Европа и тие се далеку најбројните гости и посетители на градот. Просечно престојувале по три до четири дена и оставиле 916 милиони фунти.

По нив, најбројни биле туристите од Северна Америка (САД, Канада и Мексико), безмалку 200 илјади, кои просечно престојувале подолго, па потоа се гостите од Азија и од земјите на Средна и Јужна Америка.

Бројот на странците кои допатувале и престојувале во Лондон, поради бизнис е само нензачително зголемен во однос на минатата и во годините до 2011 и се уште не може да го надмине рекордот на ваквите гости регистриран во 2006 година.

Анализите покажуваат дека британскиот главен град, кој од секогаш бил еден од главните европски туристички дестинации, ја има засилено својата позиција по Олимпијадата од летото во 2012 година, иако во текот на одржувањето на Игрите не се забележаа рекордни посети на странци, како што тоа се посакуваше.

Бизнис гостите се традиционално во Лондон, затоа што градот е светски финансиски центар, па без разлика што нивниот број не го следи растот на „обичните туристи“, тие и натаму се значаен извор на приход за градската и државната каса, затоа што деловните луѓе по правило трошат повеќе.

Од вкупниот број странци во Велика Британија, дури 65 отсто доаѓаат и остануваат само во Лондон.