Балкан

Туризмот ја намали невработеноста во Грција на 20,6 отсто

Туризмот ја намали невработеноста во Грција на 20,6 отсто

Стапката на невработеност во Грција се намали на 20,6 отсто во јануари оваа година, од 20,8 отсто во декември 2017 година и од 23,2 отсто во јануари 2017 година, објави грчката агенција за статистика.

Во регионот, најголема стапка на невработеност има во Западна Македонија (26,2 отсто во јануари 2018 година од 27,4 отсто во јануари 2017 година), потоа Западна Грција и Јонските острови (21,7 отсто од 23,2 отсто), Атика (21 процент од 22,5 отсто, Македонија- Тракија (20,2 отсто од 23,5 проценти), Егејска Македонија (19,8 проценти од 18,9 проценти), Тесалија-Централна Грција (18,6 проценти од 23,6 проценти) и Крит (16,4 проценти од 22,1 проценти).

Угостителски претпријатија во Грција, го забележаа највисокиот суфицит меѓу намалувањето и отпуштањата. Зголемувањето на вработеноста поради туризмот е исто така очигледно на регионално ниво, бидејќи  туристичкиот јужен Егеј покажува најдобар суфицит меѓу намалувањето и отпуштањата (+10.444) во земјата, потоа доаѓа централниот регион Атика, па следен Крит…