Туризмот засега без поголеми штети од блокадата на Евзони

туризам

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, загубите се минимални, но тоа е така зашто не е ек на сезона, а и допрва се прават аранжманите.

Во тек се подготовките за новата туристичка сезона и затоа засега загубите се минимални. Директно немаме речиси никакви штети. Но, сакаме проблемот побрзо да се реши бидејќи ги отежнува останатите гранки од стопанството, истакна Асим Меџедовиќ од Здружението за угостителство и туризам при Комората.