Турнир во тенис за млади, во организација на Ротари клуб Скопје

Петтa година по ред, во организација на Ротари клуб Скопје, на 01 и 02 октомври 2016 година ќе се одржи турнирот во тенис за млади. Минатата година, учество во турнирот земаа 50-тина млади тенисери од повеќе тениски клубови од земјата, меѓу кои МТП, АС, Ѓорче Петров, Куманово и ЈУГ. Имајќи предвид дека на првиот тениски турнир, силите ги одмеруваа 15 деца, на годинешниов, петти по ред турнир – веќе етаблиран традиционален настан, се очекува уште поголема заинтересираност.

Традиционално, турнирот ќе се одржи на тениските терени на Клубот МТП во Скопје. Терените на клубот се наоѓаат веднаш до гимназијата Ѓорги Димитров. Почетокот е во 10.30 часот на 1 октомври, а во 11.00 часот 02 октомври.

Турнирот ќе се одвива во две категории: – за деца до 11 години – за деца до 12 години Ротари клуб Скопје и Фондацијата на Федерер ќе обезбедат награди за најдобрите учесници во двете категории.

За сите заинтересирани сеуште постој можност за пријавување на телефон: +389 78 398 767 или на Facebook страницата на Ротари клуб Скопје: https://www.facebook.com/RotaryClubSkopje

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.