Македонија

Туроператори од Северна Америка и Западна Европа ја запознаваат убавината на Македонија

Туроператори од Северна Америка и Западна Европа ја запознаваат убавината на Македонија

Утре на 3-ти Септември (среда) во Куршумлијан почнувајќи од 15.30 часот ќе биде отворена B2B средба (market place meetings) со туроператори од Северна Америка и западна Европа и голем број на бизниси од секторот туризам во Македонија.

Дел од учесниците во турата се: главниот уредник на National Geographic Traveler, Кит Белоус (Keith Bellows); уредничката на Yahoo Travel, Џо Пиаза (Jo Piazza); и уредничката за југоисточна и источна Европа на Lonely Planet, Брана Владисављевич (Brana Vladisavljevic).

Покрај природните убавини на Македонија, групата ќе ужива во традиционална македонска музика, храна и култура, но и ќе учествува во спортски активности како тандем параглајдинг, велосипедизам, искачување по карпи и планинарење.

Турата има за цел да го поврзе домашниот пазар за активен туризам на Косово, Албанија и Македонија со туроператори од Северна Америка и Западна Европа, со цел привлекување на поголем број странски туристи.