Турска бизнис делегација во посета на Македонија

Група од 12 директори кои претставуваат четиритурски компании деновиве беа во посета на Македонија. Овие компании беа донесени од страна на Македонскиот амбасадор во Турција, Горан Ташковски а се состанаа со министерот за странски инвестиции, Џери Наумоф.

Министерот Наумоф одржа неколку состаноци со претставниците на овие компании во Скопје и Охрид каде што ги презентираше бизнис предностите кои Македонија ги нуди на турските инвеститори.

Една компанија, OXI Group, која вторпат ја посетува Македонија веќе потврди дека ќе отворат фабрика во Битола за извоз на лепенки за гуми.

„Турција и Македонија се блиски соседи со пријателски односи.Врз основа на односите со многу компании на кои во овој период работиме, нашите планирани патувања и конкурентна про-бизнис средина која Македонија има создадено, јас предвидувам уште многу повеќе турски проекти во блиска иднина кои ќе отворат многу повеќе работни места за Македонците”-потенцираше министерот Наумоф

Амбасадорот Ташковски изјави дека македонската Амбасада веќе три години напорно работи на воспоставување силна врска помеѓу бизнисмените и компаниите од Турција и Република Македонија преку промоција на принципите на отвореност, чесност, комуникација, доверба и искрено пријателство.

„Владата на Република Македонија заедно со Премиерот и Министерот за странски инвестиции, Џери Наумофф успеаја во промовирање на сите позитивни услови што ги нуди Македонија за привлекување на странски инвестиции од Република Турција. Ние ќе продолжиме да ги интензивираме овие врски и во иднина,“ изјави Ташковски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.