Турската изборна комисија ја потврди победата на поборниците на уставните реформи

( © EPA/TOLGA BOZOGLU)

Неофицијалните резултати од референдумот кој се одржа во неделата покажуваат дека мнозинството Турција ги одобриле уставните промени со коишто се прошируваат овластувањата на шефот на државата, соопшти челникот на Врховниот изборен совет (YSK), Сади Ѓувен.

За уставните промени гласале 1,25 милиони избирачи повеќе отколку оние кои се противеле на преминувањето од парламентарен во претседателски систем на управување на земјата, изјави на прес-конференцијата во Анкара доцна ноќта во неделата, претседателот на Врховниот изборен совет (YSK), Сади Ѓувен.

Истакна дека до тој момент останале необработени само 600.000 гласачки ливчиња. Ѓувен рече дека главното изборно тело ќе ги смета за валидни и гласачките ливчиња кои со печат не ги потврдиле избирачките омисии, освен доколку не се докаже дека се лажни.

Со тоа одговори на многубројните обвинувања и жалби, а една поднесе и владејачката Партија на правото и развојот (AKP), дека службениците на избирачките места не ставале печат на сите гласачки ливчиња.

Противниците на уставните промени протестираа дека во последниот момент донесената одлука за валидноста на гласачките ливчиња без печат ја доведува во прашање веродостојноста на резултатот од плебисцитот.

Челниот на YSK на тоа одговори дека одлуката била донесена пред почетокот на пребројувањето на гласачите ливчиња и оти претставниците на владејачката и на главните опозициски партии биле на сите избирачки места и ги потпишале извештаите. Според него, официјалните резултати се очекуваат за 11 до 12 дена.