Турската армија неутрализирала 108 курдски војници

Турската армија соопшти дека неутрализирала 108 курдски војници во операциите изведени на Југоистокот на Турција и во Северен Ирак, во изминатава недела, пренесува Ројтерс.

Како што објаснува, Ројтерс, терминот неутрализиран, што го употребува армијата е употребен за да се означат убиени, ранети или заробени курдски војници.

Според армијата, 31 припадник на забранетата Работничка партија на Курдистан (РПК) биле неутрализирани во југоисточните провинции Тунџели, Мардин, Дијарбакир и Сирнак.

Уште 77 милитанти биле неутрализирани во прекуграничните операции, од кои шестмина во воздушни удари во северниот ирачки регион Хакурк.

Турција редовно врши воздушни напади врз цели на РПК на север од Ирак, потсетува Ројтерс“