Турската крајбрежна стража евакуираше екипаж на руски брод

Турската крајбрежна стража го евакуираше екипажот на рускиот товарен брод „Волгодон-203“, кој вчера се насука во близина на Истанбул, изјавија претставници на рускиот Конзулат во градот, јави ТАСС.

-Животот на членовите на екипажот не е загрозен. Крајбрежната стража ги евакуира, изјави портпаролот на Конзулатот, додавајќи дека бродот се насукал поради неповолните временски прилики, проследени со силен ветер во Босфорот.

Агенцијата Анадолија јавува дека ова е втор ваков инцидент, кој вчера се случил во Истанбул, бидејќи во текот на денот уште еден брод се насукал поради ветерот и неговиот екипаж исто така е евакуиран.

Рускиот брод се насукал во близина на истанбулскиот дистрикт Картал, на азиската страна на градот и на брегот на Мраморното Море.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.