Турската лира падна до ново рекордно ниско ниво

Денеска се бележи нов историски пад на турската лира до ново рекордно ниско ниво, пренесе „АФП“.

Курсот на турската лира се намали до нивото од 2.2909 турски лири за еден долар и 3.1061 за едно евро.

Аналитичари очекуваат Централната банка на Турција денеска да продаде најмалку 100 милиони долари во обид да ја зајакне валутата.

Турската лира почна драстично да опаѓа по корупцискиот скандал од 17 декември минатата година, што се’ уште ја тресе Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган и целата турска јавност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.