Турската полиција ги демантира информациите за напад на Парламентот

Турската полиција ги демантираше информациите за напад што се подготвува врз парламентот во Анкара и за евакуацијата на луѓе од зградата на Меџлисот.

Полицијата соопшти дека информациите на социјални мрежи за евакуација на Парламентот се невистинити.

Претходно, весникот Џумхуриет објави дека се врши евакуација на Парламентот повикувајќи се на изјава на турски пратеник од Демократската партија на народите.