Турската полиција ја блокирала границата кон Бугарија

граница

На сите излези и влезови што водат до градот Киркларели се распоредени специјални полициски тимови кои ги претресуваат сите патници.

Турските медиуми јавија дека припадници на специјалните единици за борба против тероризмот се распоредени на повеќе локации во регионот, а поставени се и заседи на патиштата.

Дополнително специјални полициски тимови се распоредени и на граничните премини на границата меѓу Турција и Бугарија.