Турската полиција ја провери соддржината на новиот број на весникот „Џумхуриет“

Турската полиција денеска ги запре камионите во момент кога ја напуштаа печатницата на просекуларниот весник „Џумхуриет“ со цел да ја провери соддржината на изданијата, соопштија од овој турски весник.

Од „Џумхуриет“ наведуваат дека турската полиција, после проверките, дозволила да продолжи почнатата дистрибуција на весниците бидејќи утврдила дека денешното издание не ја соддржи контравезната карикатура на сатиричниот француски неделник „Шарли ебдо“ за пророкот Мохамед.

Овој турски весник, во денешното издание, објави четири страници со карикатури и написи од францускиот весник, во знак на солидарност со „Шарли ебдо“, но не и карикатурите што муслиманите може да ги сметаат за навредливи, пренесуваат американските медиуми.