Турската полиција неутрализираше маж, кој пукаше близу суд во Анкара

Полицијата во Анкара неутрализираше вооружен маж, кој отвори оган близу зградата на судот, во кој се спроведува сослушување на генералите уапсени по обидот за воен удар во ноќта меѓу петокот и саботата.

Како што јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, акцијата за неутрализарање на напаѓачот е изведена од припадници од специјалните единици со помош на оклопни возила.

По апсењето на вооружениот напаѓач, кој, според ТАСС, бил во воена униформа, започната е потрага и по евентуални негови соучесници.

Анадолија јави дека во судот, пред кој се случи денешниот инцидент, во тек е распит на 27 генарали и адмирали, меѓу кои и поранешниот командант на турското Воено воздухопловтсво, генерал Акин Озтурк, кои се оосмничени дека се организатори на обидот за воен удар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.