Турската полиција „по грешка“ привела 20 универзитетски професори

Гувернерот на Анталија, Мунир Каралоглу денеска призна дека полицијата во овој турски град „по грешка“ привела 20 универзитетски професори, во рамки на операцијата против осомничени припадници на т.н. Терориситчка организација на Фетулах (ФЕТО).

Како што јави телевизијата НТВ, ваквото „призанание“ Каралоглу го даде за време на собир во Анталија на кој говореше за напорите на властите „за прочистување на државата од членовите на ФЕТО, кои се длабоко инволвирани во државите институции“.

– Некои тоа го нрекуваат лов на вештерки. Но, ние не ловиме вештерки, туку предавници и убијци и ќе продолжиме да го правие тоа, рече Каралоглу.

Тој притоа нагласи дека „понекогаш се прават грешки“ и дека „покрај сувото, гори и суровото“, признавајќи дека некои професори „по грешка“ биле вкучени во листата на осомничени.

Каралоглу нагласи дека по увидената грешка, професорите биле ослободени и од нив било побарано извинување.